Педесет и четиригодишен скопјанец синоќа е повреден со остар предмет од страна на неговиот 23-годишен син. Повредениот е пренесен во Ургентиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Случајот синоќа во 18:01 часот е пријавен во полиција од страна на Ургентниот центар.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека станува збор за С.А.(54) од Скопје, кој бил повреден од неговиот син Д.А.(23) во семејниот дом на ул.„Бигла“.

Д.А. бил пронајден во домот и лишен од слобода. Се работи на целосно расчистување на случајот, a по негово документирање ќе следи соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.