Момче од Кичево е приведено под сомнение дека го убил својот татко. Според МВР, синот му нанел повреди со остар предмет, по што таткото починал.

Вчера во 22.30 часот во полициската станица Кичево, приведен е М.М.(30) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.