Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица поднесе обвинение против едно лице за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија. Обвинителот до Основниот суд Струмица доставил и предлог за продолжување на определената мерката притвор, ценејќи дека се исполнети законските основи.

Според соопштението на ЈО, обвинетиот на возраст од 32 години го искористил претходното познанство со жртвата. Делото го извршил на 11 декември лани во домот на жртвата во Струмичко, напаѓајќи ја оштетената-лице со пречки во развојот и вршејќи обљуба.

Тој претходно се сретнал со оштетената, при што дознал за нејзината состојба, како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото.

По пријава од родител на жртвата, осомничениот беше веднаш лишен од слобода, а Основното јавно обвинителство Струмица презело дејства за расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.