Во периодот од 16,00 до 19,30 часот завчера во с.Лисичани, Кичево, од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кичево и униформирани полициски службеници од Полициската станица Кичево по наредба на Основен суд Кичево извршен бил претрес во домот на Б. Д. (40) од с.Лисичани.
Во претресот биле пронајдени и одземени марихуана, 16 саксии со растение канабис, девет пластични шишиња со непозната течност, како и други предмети.
По дадени насоки од Јавен обвинител од Гостивар, Б.Д. со кривична пријава за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.255 ст.1 од КЗ на РСМ е предаден во ОЈО-Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.