Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје вчера, по претходно добиени оперативни сознанија, во близина на последната автобуска постојка во Хиподром, изврши легитимирање и личен преглед на лицето А. М. (27) од с.Булачани, информираат од МВР.
При претресот кај лицето пронајдена е една кеса во која имало две полиетиленски кеси со марихуана и една дигитална вага. По обезбедена судска наредба, извршен е претрес во домот во с.Булачани каде што е пронајдена лабораторија за производство на марихуана, во која се пронајдени 69 садници високо квалитетна марихуана – (сканк), како и техничка опрема составена од греачи, грејни сијалици, пумпа за вода, филтер и систем за вентилација, три поголеми најлонски кеси со марихуана спремна за продажба, четири пластични шишиња со кафеава течност –масло произведено од марихуаната.
А.М. е лишен од слобода во полициска станица за понатамошни мерки, а за настанот е известен дежурен Јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.