Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и ОВР Прилеп по претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, денеска извршија претрес во дом и помошни простории на С.Т. (51) во прилепското село Лажани.

Како што информира МВР, при претресот се пронајдени три рамки за автоматска пушка, една воздушна пушка, 90 куршуми калибар 7.62 x 39, 25 маневарски куршуми, ловни патрони.

– С.Т. е приведен во ОВР Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се додава во соопштението



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.