Црногорската полиција од синоќа го блокираше кругот околу најважните државни институции – Владата на Црна Гора, Парламентот, Претседателството, пишува подгоричкиот весник „Вијести“.

Во Црна Гора вчера се одржаа парламентарни избори кои беа единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во земјата и петти по прогласувањето на независност.

Државната изборна комисија на Црна Гора (ДИК) утрово објави прелиминарни резултати врз основа на 98,55 од обработениот примерок, според кои Демократската партија на социјалистите освои 35,12, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32,52 проценти од гласовите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.