Во текот на вчерашната вечер (19.12.2021) во периодот од 18.00 до 22.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 67 возачи. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.

На територијата на СВР Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 22 возачи. Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 48 мерки за возење под дејство на алкохол, 26 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, шест за користење мобилен телефон, 11 за возач почетник.

На територијата на СВР Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 33 возачи. Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 21 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.