Тројца скопјани биле уапсени од штипската полиција затоа што во нивниот автомобил биле пронајдени хероин и марихуана.
Полициски службеници од Полициската станица за БПС Штип, вчера во 13:30 часот, во село Кадрифаково ги лишиле од слобода М.Ф.(27), Ф.Р.(40) и Љ.И.(25), сите од Скопје, бидејќи при извршен преглед над нив и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувале, биле пронајдени 60 грама хероин, како и марихуана – информираат од МВР.
Против лицата е поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.