Дваесет и деветгодишен штипјанец сакал насилно да влезе во болничка соба на Инфективното одделение, каде што од корона вирусот се лекувала негова роднина.

Случајот во полиција прво го пријавил еден од вработените, а подоцна и лекарката која наместо да ги лекува пациентите трпела агресивно однесување, но и вербални закани и навреди од 29-годишниот човек.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев го потврдува случајот и рече дека од страна на вработените и дежурниот лекар е пријавен во Полициската станица во Штип.

Ова е прв ваков инцидент во регионалниот Ковид-центар од почетокот на пандемијата, во кој се лекуваат пациенти од сите општини од источниот регион.

Надлежните од СВР-Штип најавија дека против 29-годишниот Х.Х ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста на службено лице на работно место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.