Во Куманово е приведен 70-годишен штипјанец во чие возило биле пронајдени 21 мигрант.

Според информациите на МВР, ноќеска околу 1 часот полициски службеници се обиделе да сопрат патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но возилото продожило да се движи кон село Отља.

По кратко време на ул. 11 Ноември во Куманово полицијаците успеале да го запрат возилото, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип.

Во возилото се превезувале 21 мигрант од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица.

Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.