СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.С.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела, од кои три кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и две кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 11.07.2020 Е.С. од непознато лице од Скопје набавил хероин за 9.000 денари заради продажба и истиот ден во неговиот дом на А.Ј.(39) и З.Ј.(37) им овозможил да го користат.

При преглед од полициски службеници дрогата била пронајдена во просторија каде престојувал Е.С., а каде биле затекнати тројцата како користат хероин. На местото биле пронајдени и дигитална вага и алуминиумски фолии. На 25.07.2020 во домот на В.Т. од полициски службеници од СВР Штип бил извршен претрес и била пронајдена марихуана.

На 05.08.2020, Е.С. за сума од 17.000 денари заради продажба, набавил хероин од непознато лице од Скопје, и со патничко возило „форд“ ја пренел до Штип, заедно со С.И.(27) и А.Ј.(39) од Штип, а при преглед од полициски службеници во 20.00 часот, на влезот од Штип, дрогата била пронајдена и одземена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.