Педесет и деветгодишна охриѓанка е тешко повредена откако додека возела велосипед била удрена автомобил управуван од нејзин 63-годишен сограѓанин.
На 04.10.2021 во 12.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Македонски просветители“ во Охрид, патничко возило „шкода“, управувано од М.С.(63) од Охрид, удрило во велосипед управуван од Д.Л.(59) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Л., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид – информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.