Вчера околу 15 часот на локалниот пат помеѓу туристичка населба Претор и туристичка населба Асамати во Ресен, патничко возило „Шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (64) од с. Горно Крушје, ресенско, излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.Т. (62) од Ресен, кој бил пренесен во ресенската болница. Додека, возачот и други двајца сопатници – Р.С. (37) и малолетник, двајцата од Швајцарија, се здобиле со телесни повреди.
Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.