Кумановец си заработи кривична пријава поради ширење на говор на омраза на социјалните мрежи. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј. (43) од с.Пелинце, о.Старо Нагоричане поради сомнение дека сторил кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ член 394-г ст.1 од КЗ на РСМ. Делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.