Парична казна и одземање на возилото заработи 24-годишниот корисик на Тик-ток „Адријан Масљани 77“, лицето кои возеше на новата велосипедска патека долж булеварот „8 Септември“ во Скопје.
„Среќната вест“ ја објави градоначалникот Петре Шилегов, кој вечерва на својот Фејсбук напиша дека лицето е идентификувано, казнето од страна на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи и одземено му е возилото.
Тик ток “фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено …
Posted by Петре Шилегов on Saturday, 26 December 2020
24-годишникот го направил прекршокот уште на 7 декември. За да не чека во колоната на булеварот „8 Септември“, кај хотелот „Александар Палас“ со колата се качува на новата велосипедска патека и вози по неа сѐ до „Илинденска“. Цело време додека вози низ вело патеката се снима со мобилен телефон, а видеото го објавил на апликацијата ТикТок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.