Шестгодишно дете почина од тешките повреди предизвикани по пад од трактор.
Како што соопшти денеска МВР, вчеравечер во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него.
Детето со повреди било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт.
Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.