Шест годишно дете остана без татко по трагичната смрт, во страотна сообраќајка која се случи завчера во Куманово.

Страотната несреќа се случила завчера, на регионален пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосница со населба Ајдучка Чешма откако патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40) кој е жител на Куманово бил видно под дејство на алкохол, и удрил во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое имало три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото во кое удрил осомничениот продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Инаку починатиот полицаец, 37 годишниот В.Ц. зад себе остави жена и едно дете на 6 години. Меѓу колегите тој важел за професионалец и бил назначен за ментор на полициските практиканти. Во страотната несреќа тој бил заедно со 25-годишен кандидат за полициски службеник, со кој извршувале службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје,

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски испрати телеграма со сочувство до сопругата и детето на трагино загинатиот полицаец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.