Доцна синоќа струмичанец со својот автомобил марка „Мерцедес“ излетал од патот и удрил во метален столб.

На 22.12.2020 во 00.50 часот на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Панче Пешев“ во Струмица, С.Г.(26) од Струмица, управувајки моторно возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб- информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Струмичките пожарникари пак утринава објавија и фотографии од смачканиот автомобил и напишаа дека со специјални хидраулични алатки го извадиле лицето и предале на екипата на првата помош.

Денес (вторник) 22.12.2020 година, во 00.48 часот на бул. Климент Охридски во близина на новата автобуска станица , ТППЕ…

Posted by Пожарникари – Струмица on Monday, 21 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.