Ноќеска околу 01 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово на улица “Маршал Тито”, во непосредна близина на железничкиот надвозник, биле забележани неколку лица кои седеле во близина на патничко моторно возило “голф”, при што откако ги забележале полициските службеници под возилото фрлиле марихуана.

Од слобода се лишени Е.М. (19), Х.М. (19), С.Ш. (18), В.И. (19), М.Ф. (20) и А.К. (19) сите од село Требош.

По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.