Пет малолетници од Струмица и еден од селото Просениково се осомничени дека во јануари и февруари годинава извршиле 25 кривични дела на подрачјата на општините Струмица, Богданци и Гевгелија.
Струмичката полиција до Основното јавно обвинителство поднела три известувања за шесте малолетници заради постоење основи на сомнение дека сториле 10 кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, пет кривични дела „разбојништо“, две кривични дела „тешка кражба со искористување на немоќ или несреќа на друг“ и по едно кривично дело „одземање на моторно возило“, „тешка кражба во обид“ и „кражба“.
Освен овие кривични дела, за пет од малолетниците полицијата се сомнева дека заедно со Р.Е. (22) од Скопје, кој престојувал во Струмица, извршиле и други шест кривични дела.
За сторените кривични дела СВР Струмица доставил известување и до Центарот за социјални работи Струмица, а за еден од малолетниците, од страна на Основен суд Струмица, е доставен упатен акт и тој бил пренесен во Воспитен дом Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.