Шест лица се повредени, од кои две потешко во несреќата што се случи синоќа во 20.45 часот на автопатот Штип – Скопје, после клучка „Преод“.
Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(46) од Скопје и патничко моторно возило „хонда џез“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(34) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „хонда џез“, М.Ј.(32) и четиригодишно дете, а со телесни повреди се здобил возачот Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и возачот И.И. и сопатниците В.И. и З.А. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.