На 5 септември шест лица ќе седнат на обвинителната клупа во Кривичниот суд во Скопје за предизвикување трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци. Возачот, сопственикот на Дурмо турс, директорот за техничка контрола и тројца други вработени се обвинети за тешки дела против безбедноста во сообраќајот.

Дијана Груевска-Илиевска е назначена за судијка на случајот.

Во трагичната несреќа кај Ласкарци загинаа 16 лица, а десетици беа повредени. Според обвинителството, автобусот се движел со брзина поголема од дозволената и не бил сосема технички исправен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.