Шеснаесетгодишно момче е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер, во 21.45 часот во близина на влезот за с.Тркање, кочанско.

До несреќата дошло кога мопед „априлија РС 50“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(19) од с.Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишниот пешак од с.Тркање.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.