Шеесет и тригодишен жител на тетовска Брвеница им подлегнал на повредите во тетовската болница по сообраќајна несреќа која се случила на локалниот пат Брвеница-Волковија. Сообраќајната несреќа се случила околу 17 часот и 35 минути.

Во сообраќајната несреќа учествувале автобус на претријатие за превоз на патници од Тетово управувано од 50 годишниот М.Ш од Теново и 63 годишниот Б.Б кој се движел на велосипед. При несреќата велосипедистот здобил тешки телесни повреди, поради кои половина час подоцна починал во тетовската клиничка болница – информираат од Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Увид на местото на сообраќајната несреќа извршиле екипи на обвинителството и полицијата. Отворена е истрага со цел да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.