Одбраната на Бојан Јовановски пред судот се изјасни дека се нудат 150.000 евра за тој да излезе од притвор. Семејството на Боки како гаранција ја нуди куќата која чини 100.000 евра и локал кој вреди 50.000 евра.

Неговиот адвокат Сашко Дукоски како причина зошто тој треба да излезе од притвор е дека не може да изготви квалитетна одбрана како и здравствени причини.

Не може хигенски режим да се спроведе во затворот. Тој треба да прима посебна исхрана и не може затворот да прими посебен готвач за него. Неговата здравствена состојба наместо да се подобрува таа се влошува. Тој и денеска повраќаше, објасни Дукоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.