Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ денеска ќе протестираат откако во завршните зборови на последното судско рочиште, Обвинителството побара највиоски казни за масакрот кај Смилковско Езеро.

Протестот најавен за 13:30 часот ќе започне од парк Чаир со движење по ул.„Цветан Димов”, во продолжение по бул.„Крсте Мисирков”, десно по бул.„Гоце Делчев” заедно со група која што ќе се собира пред „Скендер бег” ќе се упати по ул„Филип Втори Македонски” до OJO во траење од три часа.

Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. Затворени за сообраќај од 13,00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

– бул.Христијан Тодоровски Карпош”, ул.„.Џон Кенеди”, ул.„Цветан Димов”, бул.„Гоце Делчев” и ул.„Филип Втори Македонски”, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.