На 07.12.2018 година во 14:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на с.Сопот, патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот.

На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани.

Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера загинаа две лица и во сообраќајка на патот Прилеп-Битола.

Две лица од прилепско, возач и совозач во аудито со ресенски регистарски таблички, се жртвите во тешката сообраќајна незгода која се случи синоќа околу 20 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп.

Околу 20:00 часот на регионалниот пат Прилеп – Битола кај село Вашарејца,при судир на товарно возило и автомобил, патничкото возило излетало од патот и загинале возачот Џ.И. (34) и совозачот А.И. (27), неофицијално и двајцата се од прилепско.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.