Семејството на Лабинот Мисини кој почина во кумановскиот затвор се сомнева дека тој умрел од предозираност со седативи. Според нив, тие последен пат контактирале со него преку мобилен телефон вчера околу 15 часот кога тој им рекол дека има главоболки.
Членови на семејството за Алсат велат дека 22 годишниот Мисини побарал помош од другите затвореници, но, затворските чувари не повикале брза помош од кумановската болница. Во затворот немало доктор. Од Управата за спроведување санкции, велат дека се преземени сите мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.