Вчеравечер полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христо Татарчев“ го лишиле од слобода С.Ц.(50) од Скопје, поради тоа што физички ги нападнал неговата сопруга и неговиот син, а се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства по пријава за семејно насилство.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.