Нема повредени во пожарот во кој изгоре семејна куќа во тетовското село Челопек, општина Брвеница. Куќата од педесетина квадратни метри започнала да гори околу 11 часот и 20 минути, по што биле повикани тетовските пожарникари.

Два часа ни требаше за да се локализира и целосно да биде изгаснат пожарот. Спречено е огнот да се прошири на другите блиски објекти и куќи. Семејството навремено се евакуирало и нема повредени, но има огромна материјална штета, изјави командирот на територијалната противпожарната единица, Ука Алити.

Тетовската противпожарна единица интервенирала со три возила и седум пожарникари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.