Синоќа во 02:20 часот во село Волково, скопско, при семејна расправија, 22-годишниот М.Г. физички ги нападнал, а потоа излегол од домот и пред куќата со нож им се заканувал на неговата мајка, татко и брат, соопштува МВР.

По преземени мерки, од страна на двајца полициски службеници биле испукани куршуми во воздух заради предупредување, по што истиот бил совладан и приведен. Известен е јавен обвинител, а на М.Г. му е укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош и во Клиника за токсилогија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.