На 14 февруари 2020 околу 23.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во куќа сопственост на Р.А.(50) на ул.„Боге Велјаноски“ настанала расправија помеѓу него и неговата сопруга С.А.(47).

Според пријавеното, притоа Р.А. зел нож, а С.А. сакајќи да му го одземе ножот, се исекла и се здобила со повреди на десната рака. Исто така, според пријавеното, нивниот син А.А.(22) се обидел да ги раздели, но и тој се исекол од ножот на левата рака. Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.