Вчера во 11:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Р.(65) од Скопје пријавил дека на 26 мај 2020 околу 21:30 часот во семејниот дом на ул.„Антон Чехов, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од неговата ќерка М.Р.(31) од Скопје, соопшти МВР.
Претходно активистката Моника Ристеска, позната како Конопова, објави дека била нападната и жестоко тепана со дрвено столче од страна на нејзиниот татко Стојан. Таа објави фотографии од нејзината состојба, скршениот нос и изместената вилица.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.