Најмалку седуммина припадници на МВР се позитивни на коронавирусот, поради што, по препорака на здравствените власти, се затвора одморалиштето во Охрид каде што биле сместени, објави „360 степени“.
Според извори од МВР, седумтемина полицајци за кои е потврдено дека се заразени со ковид-19 се од Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Тие биле испраќани како засилување на СВР-Охрид и ротирале на неколку дена.
Во тимот од 15 полицајци дури седуммина се заразени, поради што, по препорака на Институтот за јавно здравје, сите лица од одморалиштето во Охрид, меѓу кои има и припадници на Армијата, како и персоналот во објектот и припадниците на ЕБР одат во самоизолација.
Четворица од МВР кои учествувале во прославата на Денот на полицијата на 7 мај се позитивни на коронавирус, откри министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во вечерашното гостување на ТВ 24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.