Седум мигранти од Сирија, синоќа, се пронајдени и приведени во реонот на кумановското село Речица. Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Белановце”, синоќа околу 22.30 часот, во реонот на Речица, забележале возило „рено еспејс”, кое превезувало мигранти.
Полициски службеници го пронашле возилото, а во негова близина пронашле и седум лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар во Скопје за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.