За време на новогодишната ноќ, во Охрид регистрирано е едно нарушување на јавниот ред и мир кое се случило во 4:30 часот пред казино на улицата „Партизанска“, во кое учествувале седум лица.

Во тепачката две лица се здобиле со повреди, по што им била укажана лекарска помош.

Учесниците во инцидентот се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Во Охрид, како и на целото останато подрачје нема сообраќајни незгоди, соопшти полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.