Пред точно седум години, на 12 април, на ден Велики Четврток, Македонија ја доживеа најголемата трагедија кога на брегот на Смилковското езеро кај Скопје беа убиени четири момчиња и еден повозрасен маж додека ловеле риба во езерото.Раните печат, болката на родителите по загубените чеда е иста како и денот кога ја слушнаа кобната веста . Но колку што ги тишти болката, нивната душа уште повеќе ги пара од неправдата бидејќи убијците сеуште се на слобода ,а случајот тапка во место.
За петкратното убиство беше отворен предметот со кодно име – „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
За Судот се уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.
Случајаот и натаму е во доказна постпка иако се ветуваше брза разврска на злосторството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.