Тетовската полиција во синоќешните вечерни часови извршила контрола на угостителски објект на улицата „Браќа Миладинови“, во Тетово при што било констатирано дека во него има повеќе гости, со што не била почитувана одлуката на Владата за работно време на локалите во тек на епидемијата од Ковид-19.
Во објектот во сопственост на 52-годишниот тетовец З.А биле затекнати и 14 странски државјанки (седум од Албанија, шест од Србија и една од Косово).
Тие биле приведени во полициска станица, поради злоупотреба на туристички престој и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од МВР.
Приведен бил и сопственикот З.А., кој исто така ќе заработи пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.