На 17 јули бизнисменот Сеад Кочан треба самиот да се пријави во затворот „Идризово”, каде што треба да одлежи затворска казна од 4 години и 8 месеци, казна која ја доби во случајот „Труст”.
Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд во Скопје, надлежен да постапува по предметот на СЈО „Труст“, изготвил и доставил упатен акт за бизнисменот Сеад Кочан кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од четири години и 8 месеци.
Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување санкции, осудениот е должен на 17.7.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа, соопштија од Кривичниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.