Бројот на приведените поврзани со групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ каде што се споделуваа дискредитирачки фотографии и непристојни коментари за стотици жени, девојки и малолетнички од земјава порасна на четири – две лица од Битола и по едно до Штип и Велес, објави 360stepeni.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за Канал 5 рече дека идентификувани се и други членови и наскоро ќе има нови апсења.
Акцијата на МВР во соработка со Обвинителството треба да доведе до откривање на креаторот на групата и на сите членови, кои до вчера ги имаше над 8 000, најголем дел со прекари или лажни имиња и со скриени телефонски броеви.
Спасовски вели дека сите за кои ќе се докаже дека биле дел од оваа мрежа на злоупотреба на лични податоци и други дела се соочуваат со сериозна кривична одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.