Без повредени поминал пожарот кој избувнал во камион во движење утрово на автопатот од Тетово кон Гостивар. Возачот и совозачот навреме излегле од возилото.
Утринава околу 7 часот на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане, избувнал пожар во товарно моторно возило „волво” со охридски регистарски ознаки, во движење управувано од 43-годишниот Т.Н. од охридски Лескоец. Во камионот како сопатник се наоѓало уште едно лице од Кичево. Нема повредени, а со интервенција на тетовските и гостиварските пожарникари, пожарот целосно е локализиран.
Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Оттаму апелираат возачите да вршат проверка на техничката исправноста на електричните инсталации во возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.