Автобус на „Хафет турс“ кој се сообраќал на релација Скопје – Сплит, утрово во 3 часот се запалил во возење во близина на црногорското летувалиште Петровац. За среќа во инцидентот нема повредени, сите патници за кратко време го напуштиле автобусот, кој е речиси уништен од пожарот, објави „Охридњуз“.
Според сведочње на дел од патниците, немало паника во автобусот, сите излегле од автобусот, а двајца патници го извадиле и багажот од автобусот.
На местото на настанот брзо пристигнала локална противпожарна екипа која го изгаснала пожарот.
Патници го продолжиле патот со друго возило на компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.