Осумдесет и едногодишна скопјанка починала вчера од задушување со чад поради пожар кој настанал во куќа на улица „Македонско-косовска бригада“.
На 19 октомври 2021 во 07:34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Македонско-косовска бригада“ настанал пожар во куќа, во која била пронајдена почината Р.С.(81) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт од задушување со чад – соопштија од МВР.
Извршен бил увид и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.