Четири лица, од кои три малолетници се повредени откако се срушила терасата на која седеле.
Како што информира МВР, вчера попладне во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 23-годишниот Е.К. од Скопје и неговите три деца на возраст од шест, три и две години.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека сите четворица се повредиле откако се срушила терасата на која седеле. Кај тригодишното дете биле констатирани тешки телесни повреди, додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди. Полицијата работи на расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.