Хеликоптер на МВР денеска се урнал на аеродромот во Петровец. Според информациите на „Република“ нема загинати, ниту тешко повредени во несреќата. Полесно повредено е едно лице.

Се работело за тренажен лет, а во моментот хеликоптерот се полнел со гориво, по што се превртел. Причина за несреќата, веројатно, е и силниот ветер утрово.

На местото на настанат пристигнаа и пожарникарски екипи.

Во моментот очекуваме официјална потврда, како и детали од Министерството за внатрешни работи за хеликоптерската несреќа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.