Денеска до пладне МВР издавало дозволи за движење, затоа што што голем број македонски граѓани за утре и задутре наутро имаат закажано вакцинација во Белград. За нив е невозможно е да стигнат точно на време доколку не ја напуштат земјава за време на полицискиот час, односно во периодот од 22 часот до 5 часот.
Сепак попладнето Владата одлучи дека вакви дозволи не треба да се издаваат и полицијата извести дека граѓаните кои викендов ќе одат на вакцинација во Србија, не смеат да тргнат на пат за време на полицискиот час, бидејќи дозволите за движење нема да важат, пренесува А1он.
Сепак, последната владина одлука најверојатно нема да ги премисли граѓаните да заминат во Србија, со оглед на тоа што од српските здравствени власти стигна информација дека терминот за вакцинација може да се помести, дека може да се вакцинираат и лица кои воопшто немале закажано термин, па оттаму не е важно во кој дел од денот ќе пристигнат.
Српските медиуми веќе јавуваат дека пред белградскиот саем е преполно со возила со македонски и босански регистарски таблички. Оние што викендов ќе одат во Србија, ќе се вакцинираат со британската вакцина на Оксфорд, „АстраЗенека“. Ревакцината ќе биде после 3 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.