На 28.08.2020 во 14,50 часот било пријавено во Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка дека на територијата на нашата земја Ф.А. (на возраст околу 20 години) од Р.Косово заедно со уште неколку други лица од Косово илегално влегле во Република Македонија по што влегле да се капат во Караниколичкото Езеро“, при што, според пријавеното, Ф.А. се удавил.

Едно од лицата се вратило во Р.Косово каде го пријавил настанот во полициска станица Драгаш, од каде потоа е известена ПСГН Попова Шапка.

На 29.08. околу 09,00 часот увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител со хелихоптер пристигнале на местото на настанот и од водите на езерото било извадено телото на Ф.А..

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. Останатите лица кои биле со починатиот биле приведени во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.