Се трага по момче во и околу реката Вардар кај неготинско Пепелиште кое почнало да се дави во реката, а негов другар се обидел да му помогне.

Информацијата за МИА ја потврди директорката на Здравствениот дом Неготино, Билјана Филипова.

Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно. Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото трагаат мештани, пристигнале и нуркачи. Екипа на нашата Брза помош веднаш отиде на лице место и ќе остане таму и понатаму, изјави Филипова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.