Еден човек е тешко повреден во судир на воз и автомобил во кумановското с.Романовце, на патен премин кај место викано „Превој“.
Железничката несреќа се случила вчера, помеѓу помеѓу воз кој сообраќал на релација Ж.С.Табановци Ж.С.Трубарево и возило „мерцедес“. Повреден е возачот на автомобилот, кој е од с.Алашевци.
С.Ј. се здобил со повреди и е префрлен во болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.